фото: скриншот/Икс

Во Белград се собраа речиси 200.000 луѓе — втор најголем протест од падот на Милошевиќ

Организацијата „Архива на јавни собири“, која го следи бројот на присутни на јавни настани, објави дека на синоќешниот протест „Ти и јас, Славија, затоа што студентите победуваат“ имало меѓу 180.000 и 190.000 луѓе.

Според нејзината објава на „Икс“, проценката е направена врз основа на измерена површина од 107.000 квадратни метри и просечна густина од 1,7 луѓе на квадратен метар. Од организацијата наведуваат дека станува збор за втор најголем протест во Србија од падот на Слободан Милошевиќ.

Претходно, по завршувањето на протестот, од „Архива на јавни собири“ соопштија дека снимките покажуваат оти собирот е меѓу најголемите студентски протести досега, но дека проценката за маса поголема од 100.000 луѓе е сложена и затоа нема веднаш да објават бројки.

Наспроти ова, директорот на полицијата, Драган Васиљевиќ, изјави дека на протестот на Славија имало 34.300 граѓани. Истата бројка денеска ја повтори и претседателот Александар Вучиќ, кој рече дека три служби дале проценки меѓу 30.500 и 34.300 присутни.

„Ја прифативме највисоката проценка, иако прецизните податоци покажуваат дека имало нешто помалку од 34.000 луѓе“, изјави Вучиќ.

Српскиот студент Стојановиќ ексклузивно за „Слободен печат“: Луѓето мислат дека се откажуваме, но ние го менуваме фокусот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот