Фото: Пекселс/andrea-piacquadio

Нема да ве чинат ниту денар — лекар откри пет работи што треба да ги направите веднаш по будењето

Британскиот доктор Амир Кан е еден од најпознатите телевизиски лекари, а гледачите редовно можат да го видат во емисиите „Добро утро Британија“ и „Лорејн“, каде што споделува совети за здравјето.

Доктор Кан тврди дека неколку едноставни утрински навики можат позитивно да влијаат на здравјето, нивото на енергија и расположението. Тој нагласува дека за нив не ви се потребни ниту скапи додатоци во исхраната ниту специјални уреди, туку само неколку минути по будењето.

„Ви ги претставувам петте најдобри совети за здравје и тие се целосно бесплатни. Не продавам додатоци во исхраната, направи ниту чудотворни производи – само навики што секој може да ги испроба“, порача лекарот, кого повеќе од милион луѓе го следат на социјалните мрежи.

Испијте голема чаша вода

Првиот совет е за хидратацијата. По седум или осум часа сон, телото е природно малку дехидрирано, па затоа голема чаша вода може да помогне во надоместувањето на изгубените течности.

„Чаша вода веднаш наутро помага да се надомести течноста изгубена во текот на ноќта. Тоа ја подобрува циркулацијата, работата на бубрезите и варењето, а кај некои луѓе може да ја подобри и будноста и концентрацијата“, вели тој.

Додава дека токму затоа сака денот да го започне хидриран и смета дека тоа е една од наједноставните здрави навики што можеме да ги усвоиме.

Излезете на утринска светлина

Негов омилен совет е излегувањето на отворено веднаш по будењето.

Тој објасни дека утринската сончева светлина ги активира специјалните клетки во очите кои на мозокот му испраќаат сигнал за регулирање на внатрешниот биолошки часовник, со што се намалува лачењето на мелатонин и се усогласува циркадијалниот ритам.

„Луѓето што редовно се изложуваат на утринска светлина обично спијат подобро, имаат повеќе енергија во текот на денот и се подобро расположени“, тврди лекарот.

Според него, не е потребно долго да престојувате надвор – понекогаш се доволни само 10 до 20 минути додека го пиете утринското кафе.

Одете боси по трева

Д-р Кан нагласува одењето боси по трева има одлични придобивки за стапалата и рамнотежата.

„Станува збор за стимулирање на илјадниците нервни завршетоци во стапалата, подобрување на рамнотежата, зајакнување на малите мускули на стапалата и зглобовите, како и за тоа да забавите и уште наутро да се поврзете со природата“, објасни тој.

Слушајте ги звуците на природата

Според него, звуците од природата можат значително да придонесат за подобро ментално здравје.

„Истражувањата покажуваат дека слушањето пеење на птици и други звуци од природата може да го намали стресот, да го подобри расположението, па дури и да ги ублажи чувствата на анксиозност и параноја“, истакнува доктор Кан.

Тој додава дека научниците сметаат оти ваквите звуци му испраќаат сигнал на нервниот систем дека сме на безбедно место.

Вдишете длабоко пет пати

За крај, д-р Кан препорачува пет бавни и длабоки вдишувања.

„Вдишувајте четири секунди, а издишувајте шест секунди. Така се активира парасимпатичкиот нервен систем, односно системот задолжен за одмор и варење. Тоа го забавува срцевиот ритам, ги намалува хормоните на стрес и му испраќа сигнал на мозокот дека сте опуштени и безбедни“, објасни тој.

Тој истакна дека целата вежба трае помалку од една минута и заклучи:

„Ништо од ова не чини пари. Не продавам ништо. Понекогаш најмоќниот лек не е нешто што можете да го купите, туку нешто на што треба повторно да се потсетиме – нешто за што нашето тело е создадено и што нашите предци го практикувале со векови“.

Дали знаете за правилото од 11 минути? Го намалува ризикот од срцев и мозочен удар

Ако се будите помеѓу 3 и 5 часот наутро, телото можеби се обидува да ви каже нешто

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот