Рабио удри по своите соиграчи по срамот против Англија: Вакво однесување никогаш не сум видел
Франција остана без бронзениот медал на Светското првенство, откако во натпреварот за третото место беше поразена од Англија со 6:4.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
По завршувањето на натпреварот искусниот француски репрезентативец Адриен Рабио не ги штедеше своите соиграчи, оценувајќи дека нивниот настап, особено во првото полувреме, бил далеку под нивото што го бара националниот дрес.
„Денес видов однесување какво што никогаш претходно не сум видел. За натпревар од вакво значење, тоа е едноставно неприфатливо“, изјави Рабио.
Франција на паузата губеше со убедливи 4:0, а иако во второто полувреме успеа да се врати во игра и да го направи мечот неизвесен, тоа не беше доволно за да се избегне поразот.
„Бевме срамни во првото полувреме! Тоа е големо разочарување, бидејќи ова беше последната можност да оставиме добар впечаток. По поразот од Шпанија во полуфиналето сите бевме разочарани, но сè уште имавме работа што требаше да ја завршиме и немавме право едноставно да се опуштиме“, истакна францускиот играч за врска.
Тој откри дека на полувремето имало сериозен разговор во соблекувалната, по кој тимот покажал сосема поинакво лице.
„На полувремето разговаравме и си рековме дека мора да покажеме барем малку гордост. Во второто полувреме работите беа многу подобри, бидејќи она што го прикажавме во првите 45 минути беше неприфатливо“, порача Рабио.
🇫🇷🏴 Adrien Rabiot tacle ses coéquipiers et leur “comportement inadmissible” !#beINFWC2026 pic.twitter.com/dXYIngkdmU
— beIN SPORTS (@beinsports_FR) July 18, 2026
ВИДЕО | Бронзата за Англичаните, хет-трик на Букајо Сака против Франција
ВИДЕО | Бронзата за Англичаните, хет-трик на Букајо Сака против Франција


