Фото: EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

ВИДЕО | Бронзата за Англичаните, хет-трик на Букајо Сака против Франција

Во натпреварот за третото место на Светското првенство исполнет со дури 10 голови во Мајами, САД, фудбалерите на Англија триумфираа конечен резултат 6:4 против Франција.

Англичаните имаа фантастично прво полувреме, целосно доминираа против немоќните Французи и на паузата заминаа со водство од дури 4:0.

Гол серијата ја почна Рајс во третата минута, па следува зголемување на предноста од 2:0 во 18 минута кога во листата на стрелците се запиша Конса, а Сака постигна два гола во 37 минута и во судиското надополнување (45+1`).

Французите веднаш уште од стартот на второто полувреме се „разбудија“ со првиот погодок на Мбапе во 48 минута.

Истиот играч му асистираше на Баркола во 54 минута за намалување на негативата нд Франција на 4:2.

Килијан Мбапе во 66 минута стрелаше за 4:3, тоа беше негов 22 гол со кој стана и најдобар стрелец во историјата на светските првенства.

На нов погодок чекавме до 87 минута кога Сака од пенал го комплетираше својот хет-трик на натпреварот за 5:3.

Во судиското надополнување на второто полувреме видовме уште два гола, Дембеле (90+6`) намали на 5:4, а конечниот епилог го постави Белингам (90+8`) за негов седми погодок на Мундијалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот