Фото: EPA/WILL OLIVER

Килијан Мбапе сега е најдобар стрелец во историјата на светските првенства

Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе постигна два гола во натпреварот за третото место против Англија на Светското фудбалско првенство 2026.

Така, Мбапе сега е најдобриот стрелец во историјата на светските првенства со моментно 22 голови од 22 одиграни мечеви.

На вечната листа францускиот напаѓач има моментно еден гол повеќе од Лионел Меси (21) кој може да го подобри својот учинок в недела во финалето на СП против Шпанија.

Мбапе постигна четири гола на СП 2018 во Русија, а запиша осум погодоци на СП 2022 во Катар кога ја освои својата прва Златна копачка.

На СП 2026 запиша 10 голови, има два повеќе од Меси, па останува да се види в недела дали репрезентативецот на Франција ќе дојде и до својата втора Златна копачка во кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот