Дали се ежите кога некој гребе со виљушка по чинија? Тоа открива нешто неверојатно за вашиот мозок

Доволно е некој само малку да повлече со виљушка по чинијата, со нокти да помине по табла или случајно да го загризете дрвеното стапче од сладолед, па низ целото тело да ви поминат морници. Кај некои луѓе оваа реакција е толку силна што се ежат, ја стегаат вилицата или чувствуваат непријатност во стомакот.

Ако сте меѓу нив, психолозите велат дека тоа не е случајност, туку открива дека вашиот мозок одредени надразнувања ги обработува многу поинтензивно од повеќето луѓе.

Мозокот го доживува звукот како предупредување

Кога слушаме звуци како гребење виљушка, креда на табла или триење стиропор, не реагираат само ушите. Се активираат и деловите од мозокот задолжени за емоции, чувство на згрозување и препознавање потенцијална опасност. Затоа немаме само мисла дека звукот не ни се допаѓа, туку имаме силна физичка потреба тој веднаш да престане.

Психолозите објаснуваат дека луѓето кои бурно реагираат на овие звуци често имаат изразена сензорна чувствителност. Тоа значи дека нивниот нервен систем посилно ги регистрира звуците, вибрациите и текстурите. Ваквите личности:

  • Често забележуваат ситници што другите не ги регистрираат.
  • Почувствителни се на бучава, силна светлина, одредени материјали или метеж.
  • Неретко имаат развиена интуиција и поинтензивно ги доживуваат емоциите.

Ова не е мана или нарушување, туку едноставно специфичен начин на кој мозокот ги обработува информациите од околината.

Ежење на кожата – Фото: Pexels

Зошто дрвеното стапче од сладолед е толку непријатно?

Проблемот воопшто не е во вкусот на дрвото. Кога стапчето ќе ги допре забите, поради неговата сува и порозна структура се создаваат специфични вибрации кои се пренесуваат преку забите, вилицата и нервните завршетоци. Мозокот оваа комбинација на допир и звук ја толкува како исклучително непријатна.

Интересно е што луѓето се ежат дури и кога само помислуваат на овие звуци. Мозокот одлично ги памети непријатните искуства и доволно е само да прочитате „виљушка по чинија“ за тој веднаш да го „пушти видеото“ со тоа чувство.

Затоа, ако ве полудуваат овие нешта, тоа не значи дека претерувате, туку само покажува дека светот околу себе го доживувате подетално и помоќно од другите, пишува „Сенса“.

Што открива обликот на вашиот папок? Дознајте дали сте премногу вознемирени, грижливи, независни или оригинални

Знаевте ли дека вашата љубовна врска има свој астролошки знак?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот