Нов пресврт во кралското семејство — Хари и Меган се враќаат во Велика Британија?
По шест изминати години откако принцот Хари и Меган ја напуштија кралската палалта, одлука која ја шокираше светската јавност, работите изгледа повторно се менуваат. Во медиумите сè погласно се шпекулира дека војводата и војвотката од Сасекс сериозно размислуваат да поминуваат повеќе време во Велика Британија, пишува „Тајм Индиа“.
Препорачано
Иако не станува збор за целосно враќање на кралските должности, извори блиски до нив откриваат дека парот сака да ги „закопа воените секири“ и да им овозможи на децата да ги запознаат британските корени.

Средба по неколку години
Овие гласини добија на тежина по веста дека кралот Чарлс Трети, кралицата Камила, принцот Хари, Меган Маркл и нивните деца, Арчи и Лилибет, неодамна пиеле чај заедно во кралската резиденција „Хајгроув Хаус“.
Ова е прва вистинска средба на кралот со неговите внуци по неколку години, минати во заладени односи и скандалозни интервјуа, тужби и мемоари.
„Хари не сакаше да ги разочара децата, тие беа многу возбудени за патувањето. Досега со Чарлс разговараа само преку камера, па ова беше нивната прва вистинска шанса да се гушнат“, открива извор за медиумите.

„Американскиот сон“ веќе не е толку сладок
Како главна причина за овој ненадеен пресврт се наведува фактот дека парот почнал да се чувствува изолирано и непожелно во Америка.
„Во неговиот круг на пријатели дефинитивно постои чувство дека Хари почна да се чувствува малку непожелно во Америка. Нивниот американски сон полека се лади. Англија е местото каде што секогаш било срцето на Хари. Не е тајна дека заминаа во САД за да го капитализираат неговото кралско потекло, но Меган сега таму се чувствува како ‘аутсајдер’ “, тврди извор близок до принцот, додавајќи дека Меган сега целосно ја поддржува идејата повторно да се поврзат со семејството на Хари.

Португалија како отскочна штица до Лондон
За да го олеснат враќањето во Европа, но и за да ги избегнат агресивните британски таблоиди и безбедносните проблеми во Лондон, Хари и Меган веќе изградиле куќа во луксузен и приватен дел во Португалија. Куќата, која наводно ја уредува познатиот клуб „Soho House“, треба да им послужи како база каде што децата ќе бидат поблиску до своите роднини од палатата, а Лондон ќе им биде на само неколку часа лет.
Хари планира почесто да патува во Велика Британија веќе од претстојниот септември поради хуманитарни настани, а во иднина со него подолг период ќе остануваат и Меган и децата. Палатата сè уште молчи, но јасно е дека се поставуваат темелите за ново поглавје меѓу двете страни на Атлантикот.


