Сашо Клековски-директор на ФЗОМ / Фото: Слободен печа / Драган Митрески

Клековски: Во Гостивар прогласување епидемија ќе нема додека не се утврди причината

Прогласување епидемија во Гостивар нема да има, сè додека не се утврди причината за големиот заболени и стомачни тегоби. Потребни повеќе епидемиолошки анкети за да најдеме кој е причинителот, рече министерот Сашо Клековски по посетата на гостиварската Општа болница.

Тој информираше дека бројот на пациенти кои се јавуваат со слични симптоми и ист како и изминатите денови.

– Првите пациенти се јавиле на ноќта на 13-ти јули и оттогаш таа бројка е прилично константна. Над 200 граѓани се јавуваат дневно во болницата за интервенција. Во последните 24 часа има 100 побарани интервенции на педијатрија и 160 побарани интервенции на инфективното одделение рече Клековски.

Според него, клиничката слика кај сите пациенти е слична, од благи стомачни проблеми со дијареја и повраќање, до некои пациенти имаат и температура. Најголем дел од пациентите се третираат за дехидратација со инфузија, витамини и друга симптоматска терапија, по што се пуштаат на домашно лекување.

Министерот Клековски по разговорите со раководните структури на општата болница констатира дека медицински кадар се справува со состојбата и дека ги имаат сите лекови неопходни за третман. Тој упати апел до гостиварци и сите пациенти да соработуваат со епидемиолошката служба при правењето на анкети и дополнителни анализи за да се утврди причинителот.

– Од вчера се зема колпокултура и се прават сите неопходни лабораториски анализи и е проширена можноста да се бараат траги од адено и рота вирус. Значи, повеќе институции вклучени во епидемиолошкиот дел и повеќе типови на истраги, за да се исклучат сите опции: од тешки метали, од паразити, вируси, бактерии, Ни требаат многу повеќе епидемиолошки анкети за да најдеме кој е причинителот и да ги поврземе можните извори рече министерот Клековски.

На новинарско прашање и коментар на директорката на ЈП Комуналец дека водата не била причина за заболувањата, туку храната, министерот Клековски посочи тоа е работа на епидемиолозите.

– Ниту јас, ниту директорката на јавното претпријатие сме некои што можеме да посочиме причинител. Има епидемиолози, тоа е работа на епидемиолозите. Има Центар за јавно здравје, има Институт за јавно здравје, мислам дека треба да се очекува нивна оценка. Можам неформално да коментирам дека шансата 1000 луѓе да се затрујат од храна се многу мали. Дополнително, ова трае веќе 4 дена, така да, за мене храната логички е исклучена како можен извор, рече министерот Клековски.

Тој изрази надеж дека повеќе резултати од анализите на водата од гостиварскиот водовод ќе има од понеделник.

Граѓаните на Гостивар бараат одговор – што ја предизвика состојбата на над 1.200 заболени?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот