Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 5.069
Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела кон крајот на јуни се искачи на 5.069, а повеќе од 20.000 луѓе се раселени во привремени кампови, соопштија властите.
Препорачано
Венецуела искористи 346 милиони долари од сопствените средства со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за да помогне во опоравувањето од земјотресот што ја погоди земјата кон крајот на јуни, изјави денес привремената претседателка на земјата, Делси Родригез.
Според податоците објавени од претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез, на Телеграм, во земјотресите се повредени 16.740 луѓе, додека 6.462 лица се спасени.
Властите велат дека 17.907 луѓе останале без покрив над главата, а дека 21.235 луѓе биле сместени во 107 привремени кампови. Земјотресите оштетиле 856 згради, од кои 190 целосно се урнале.
Повеќе од 65.000 луѓе се вклучени во напорите за опоравување, вклучувајќи странски спасувачи, државни службеници и волонтери, објавува Политика.
На 24 јуни, Венецуела беше погодена од два земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случија во интервал од 39 секунди. По катастрофата, властите прогласија вонредна состојба, а меѓународната заедница испрати спасувачка и хуманитарна помош.
Бројот на загинати од разорните земјотреси во Венецуела надмина 4.300


