Напад врз американската амбасада во Багдад, Ирак/Фото: Murtadha Al-Sudani / AFP / Profimedia

Иран ги нападна Јордан, Кувајт и Бахреин

Иран ги нападна Јордан, Кувајт и Бахреин во текот на ноќта како одговор на најновите американски напади врз Исламската Република.

Јордан пресретна 10 ирански ракети во текот на ноќта во најновиот напад во Персискиот Залив, вели јорданската војска, објави Скај њуз. Во соопштението се наведува дека немало жртви или материјална штета, пренесува Политика.

Претходно, кувајтската армија издаде две предупредувања за беспилотни летала, а сирените се огласија и во Бахреин. Саудиска Арабија, исто така, ги издаде своите први предупредувања за потенцијална опасност синоќа по неколку недели, без да прецизира за што станува збор, но подоцна објави дека опасноста поминала.

САД ги проширија нападите врз Иран — Техеран возврати со удари кон Катар, Бахреин и Кувајт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот