Мачка - Фото: pexels-joerg-hartmann

Бизарен случај во САД: Маче заврши во банка како „соучесник“ во грабеж

Необичен обид за грабеж ја шокираше американската сојузна држава Мериленд, откако осомничен маж украл тримесечно маче од продавница за миленици, а потоа го однел со себе во банка каде што се обидел да изврши грабеж.

Според полицијата на округот Принц Џорџ, осомничениот најпрво ја украл мачката, а потоа влегол во филијала на PNC Bank во Белтвил. Таму го замолил менаџерот да го причува мачето додека тој пишувал белешка со која барал да му бидат предадени сите пари од банката.

Планот, сепак, пропаднал. Грабежот не успеал, а полицијата брзо го уапсила осомничениот. Мачето, по име Магнолија, било пронајдено неповредено во канцеларијата на менаџерот на банката и безбедно било вратено во засолништето- пишува Гардијан.

Од организацијата „Beltsville Community Cats“ открија дека Магнолија има само три месеци и била украдена од просторот за посвојување во продавница за миленици. Осомничениот, според вработените, речиси две недели секојдневно доаѓал во продавницата и покажувал посебен интерес токму за ова маче.

Во понеделникот успеал да го отвори просторот за посвојување со клуч, да ја земе Магнолија и веднаш да се упати кон банката.

-Тој го замоли менаџерот да го чува мачето додека ја пишуваше белешката за грабеж. Потоа му ја предаде на службеникот, барајќи ги сите пари. За среќа, грабежот беше спречен, а Магнолија остана неповредена- соопштија од засолништето.

Менаџерот на продавницата изјавил дека крадецот ја искористил приликата кога никој од персоналот не бил во близина на влезот и едноставно истрчал со мачето.

Од организацијата велат дека Магнолија успешно се опоравува од необичното искуство и повторно е во засолништето, каде што сè уште чека да најде нов дом.

ВИДЕО | Грабеж во Лувр: Најпосетуваниот музеј во светот привремено затворен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот