Нова криза на Блискиот Исток: Техеран тврди дека два танкери наишле на мини, Вашингтон вели дека е лага
Иранската Револуционерна гарда тврди дека два нафтени танкери експлодирале во Ормускиот теснец откако наводно налетале на мини, но САД веднаш ги отфрлија овие тврдења како невистинити.
Препорачано
Според иранските државни медиуми, двата брода се обиделе да поминат низ област за која Техеран тврди дека била минирана. ИРГК ги предупреди останатите бродови да не влегуваат во теснецот, оценувајќи дека областа е „екстремно небезбедна“.
Иранската страна не ги објави имињата на танкерите, нивните знамиња, сопствениците или информации за евентуални жртви. Засега нема независна потврда дека инцидентот навистина се случил.
Централната команда на американската војска (CENTCOM) ги отфрли обвинувањата на ИРГК, наведувајќи дека тврдењето за танкери кои експлодирале по удар во мини е „лажно“.
Според Техеран, Ормускиот теснец останува затворен и небезбеден, што дополнително ги зголемува стравувањата за глобалното снабдување со нафта и гас. Овој теснец е една од најважните енергетски рути во светот, преку која поминува значителен дел од светската трговија со енергенси- објави Арбњуз.
Инцидентот се случува во период на засилени воени тензии меѓу САД и Иран, со размена на напади и зголемен ризик за комерцијалниот поморски сообраќај во Персискиот Залив.


