ФОТО | Рајс против Аргентина трипати го прекрши новото правило на ФИФА и не беше исклучен
Два дена по полуфиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Аргентина и Англија, кој „гаучосите“ го добија со 2:1, не стивнуваат реакциите околу неколку спорни судиски одлуки.
Препорачано
Во центарот на вниманието се најде англискиот репрезентативец Даклан Рајс, кој според телевизиските снимки во неколку наврати ја покривал устата додека разговарал со аргентинските фудбалери, потег што според новите правила на ФИФА може да биде санкциониран и со директен црвен картон.
И покрај тоа што Рајс најмалку трипати го направил истиот гест, главниот судија Исмаил Елфат не реагираше, а немаше ниту интервенција од ВАР-собата.
🚨 Declan Rice covered his mouth THREE times against Argentina, but neither the referee nor VAR took action 👀
Argentina’s players didn’t appeal.
Should it have been a red card under the new rules? 🤔#worldcup #argentina #worldcup2026 pic.twitter.com/RyFQF7InC4
— MARCA in English 🇺🇸 (@MARCAinENGLISH) July 17, 2026
ФИФА ова правило го воведе непосредно пред почетокот на Светското првенство, со цел да се спречи прикривање на навредливи или заканувачки пораки при конфронтации меѓу фудбалери или кон службените лица. Според правилникот, намерното покривање на устата со рака, дрес или друг дел од телото во такви ситуации може да резултира со исклучување.
Ова правило веќе беше применето на турнирот. Репрезентативецот на Еквадор, Пјеро Инкапие, доби директен црвен картон токму поради покривање на устата за време на конфликт со противнички играч, што сега дополнително ги засили прашањата за доследноста во судиските одлуки.
На фотографиите од дуелот може да се забележи дека Рајс ја покрива устата додека разменува зборови со Лионел Меси и уште неколку аргентински репрезентативци, поради што дел од медиумите сметаат дека англискиот играч можел да биде исклучен.
Што точно било кажано во тие разговори не е познато, ниту пак ФИФА или судиската комисија објаснија зошто во овој случај не беше применето новото правило. Засега останува нејасно дали судијата и ВАР-собата процениле дека ситуацијата не била доволно сериозна за најстрога санкција.
ВИДЕО | Репрезентативец на Парагвај заработи црвен картон поради новото правило на ФИФА


