Фото: Screenshot

ВИДЕО | Репрезентативец на Парагвај заработи црвен картон поради новото правило на ФИФА

На Светското првенство синоќа за првпат беше применето новото правило на ФИФА кое беше воведено непосредно пред стартот на турнирот.

Станува збор за одредба според која секој фудбалер што ќе ја прикрие устата додека комуницира со противнички играч ќе биде санкциониран со директен црвен картон.

Правилото беше активирано на натпреварот меѓу Турција и Парагвај. Парагвајскиот репрезентативец Алмирон заработи исклучување откако судијата Иван Бартон, по сигнал од ВАР-собата, ја прегледа спорната ситуација и утврди дека играчот ја покрил устата при обраќање кон противник.

По прегледот на снимката, Бартон без двоумење му покажа црвен картон на Алмирон и го испрати предвреме во соблекувалната. Сепак, и покрај бројчаната предност во продолжението од средбата, Турција не успеа да стигне до посакуваното израмнување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот