Кристијано Роналдо/EPA/MIGUEL A. LOPES

ФОТО | Сестрата на Роналдо за да го одбрани својот брат ги нападна другите португалски фудбалери

Ремито на Португалија против Конго 1-1 во првото коло од групата К на Светското првенство предизвика бројни реакции во јавноста, а најголем дел од критиките беа насочени кон капитенот Кристијано Роналдо.

Сега се огласи и неговата сестра, Катја Авеиро, која преку објава на социјалните мрежи застана во одбрана на славниот португалски фудбалер и упати критики кон играта на репрезентацијата.

Според неа, тимот делувал непрепознатливо на теренот и не успеал да ја наметне својата игра.

„Како одеднаш сите да заборавија како се игра фудбал. Никој не знаеше да ја освои топката, ниту да организира контранапад. Наместо тоа, гледавме постојани додавања наназад и игра без вистинска идеја. Навистина чудно Светско првенство“, напиша Катја Авеиро во својата објава.

ВИДЕО | Парагвај победи и со играч помалку, крај на Мундијалот за Турција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот