Фото: Македонска Теквондо Федерација

ФОТО | Бронза за македонската теквондистка Душица Бреслиева на Европското клупско првенство

Македонската репрезентативка во теквондо, Душица Бреслиева, освои бронзен јуниорска медал на клупското Европско првенство во Сараево, Босна и Херцеговина.

Членот на теквондо клубот Штип, во првото коло забележа победа од 2:1 против Украинката Јулија Лонска.

Во второто коло, Бреслиева запиша триумф со истиот резултат и против Цејланаз Дурназ од Турција.

Следуваше нова победа во четвртфиналната борба со 2:0 против Елефтерија Вамвакаки од Грција.

И во полуфиналето, нашата натпреварувачка со 2:0 загуби против Хрватската Клара Углешиќ.

Фото: Македонска Теквондо Федерација
Фото: Македонска Теквондо Федерација

ФОТО | Максим Арсовски освои сребро на Европското клупско првенство за деца во теквондо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот