ВИДЕО | Израел го нападна Јужен Либан само 30 минути откако стапи во сила примирјето со Хезболах
Само 30 минути откако стапи во сила примирјето меѓу Израел и Хезболах, веќе биле пријавени најмалку четири големи израелски воздушни напади низ Јужен Либан, јави Ал Џазира, објавувајќи и видео од терен.
Препорачано
Според првичните новинарски извештаи, Израелците погодиле повеќе локации, меѓу кои Набатие, Кфар Тебнит и Кфар Сир, додека во друга област израелската артилерија гранатирала одделна цел.
Се работи за најмалку 12 израелски воздушни напади и континуирано артилериско гранатирање.
Како што јаува „Ал Џазира“, состојбата на терен воопшто не наликува на прекин на огнот, бидејќи обновените воени дејствија започнале речиси веднаш по објавувањето на договорот.
Израел и Хезболах се согласија да ги прекинат непријателствата откако Катар, САД и Иран посредуваа во договорот за прекин на огнот.
Целта на примирјето беше да се спречи ескалацијата во Либан да ја попречи пошироката слика, односно привремениот договор меѓу САД и Иран да прерасне во траен мировен договор за регионот.
Според АФП, договорот беше постигнат по опасното интензивирање на борбите, кои се закануваа да ги загрозат преговорите за завршување на војната со Иран и повторното отворање на Ормутскиот Теснец за светскиот поморски сообраќај.
Според либанското Министерство за здравство, израелската војска од полноќ денеска убила најмалку 47 луѓе, а ранила уште 97 во нападите врз Либан.
Непосредно пред стапувањето во сила на прекинот на огнот, висок американски функционер изјави дека договорот бил постигнат со посредство на САД и Катар, со помош на Иран.
„Разбираме дека, по размената на оган претходно денеска, Израел и Хезболах сега се во прекин на огнот“, изјави функционерот за агенцијата Ројтерс.


