Фото: Слободен печат

ФОТО | Голем чад се издига кај Долно Лисиче — се запали дива депонија

Голем чад се издига попладнево над Долно Лисиче откако избувнал пожар на дива депонија.

Од фотографиите што ни ги испрати загрижен читател, може да се види дека огнот зафатил поголема површина и се шири покрај домови и други објекти.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека во 11:26 часот, преку единствениот број за итни случаи 112, била примена пријава за пожар на конкретната локација.

Фото: Слободен печат

По дојавата, на терен веднаш биле упатени екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Засега нема информации за повредени луѓе, ниту за евентуална штета на околните објекти. Надлежните служби ја следат состојбата на терен.

Пожар во Бутел — на скопјанец му се запалила куќата додека бил во Италија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот