Двајца Срби преку веб-страница нуделе „отстранување црна магија“ — измамиле пензионерка за 50,000 евра

Двајца Срби биле уапсени бидејќи измамиле 73-годишна жена за 50,000 евра, уверувајќи ја дека ќе ѝ ја отстранат „црната магија“  и ќе ѝ ги решат семејните проблеми, објави „Н1“.

Припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) во Беочин ги уапсиле Д.Н., роден во 1974 година, и М.К., роден во 1967 година, поради сомнеж дека сториле кривично дело измама.

Како што е наведено, постои сомнеж дека тие, преку веб-страницата „видовита-мариа.ком“, огласувале услуги за „отстранување црна магија“ и ја довеле и одржувале во заблуда жената дека ќе ѝ помогнат во решавање на семејни и на здравствени проблеми.

За овие услуги од неа барале и земале накит и пари во вкупна вредност од 50,000 евра.

„При претрес на куќа во Бачка Паланка, полицијата пронашла повеќе парчиња разновиден накит, како и потврди за прием на пари од повеќе луѓе“, наведуваат во соопштението.

На осомничените им е одреден притвор до 48 часа и тие, со кривична пријава, ќе бидат спроведени во Основното јавно обвинителство во Нови Сад.

Словенија: Измама тешка 175.000 евра, толку платила жртвата за отстранување на црна магија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот