Фото: принтскрин

Осудени родителите на Коста Кецмановиќ

Високиот суд во Белград ги осуди родителите на Коста Кецмановиќ, момчето кое уби десет и повреди шест лица во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград на 3 мај 2023 година, информира Еуроњуз.рс.

Владимир Кецмановиќ е осуден на 14 години и шест месеци затвор за кривични дела занемарување и злоупотреба на малолетно лице и тешко кривично дело против јавната безбедност, додека Миљана Кецмановиќ е осудена на две години и 11 месеци затвор за кривично дело занемарување и злоупотреба на малолетно лице.

Ова е втора првостепена пресуда, на која обвинителството и одбраната имаат право да се жалат до Апелациониот суд во Белград.

Во своите завршни зборови, главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, му предложи на судот да ги осуди Кецмановиќ на максимални затворски казни. Тој побара единствена затворска казна од 14 години и 11 месеци за Владимир Кецмановиќ и тригодишна затворска казна за Миљана Кецмановиќ.

Од друга страна, одбраната побара ослободителни пресуди, тврдејќи дека наводите во обвинението не се докажани. Судењето беше повторено бидејќи Апелациониот суд во Белград ја поништи првостепената пресуда со која Кецмановиќ беше осуден на неколку години затвор и наложи повторно судење.

Во злосторство кое не се памети во поновата историја на Србија, тогаш 13-годишниот Кецмановиќ уби осум девојчиња, едно момче и училишен обезбедувач со пиштолот на својот татко за време на првиот час во училиштето, а рани уште пет ученици и еден наставник по историја.

Во времето на злосторството, тој беше под 14 години и не е кривично одговорен според законот, а по апсењето беше сместен во специјална психијатриска установа каде што останува под надзор.

Во своите завршни зборови, главниот обвинител Ненад Стефановиќ рече дека токму затоа законот ја пропишал посебната одговорност на родителите, кои имаат не само законска, туку и морална обврска да го воспитуваат и водат своето дете.

„Те мразам, сине“ – морничави пораки откриени на судењето на родителите на Коста Кецмановиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот