Фото: EPA/ATEF SAFADI

Договорот ќе биде прекршен ако Израел напаѓа и не ја почитува сувереноста на Либан, вели Иран

Договорот со САД ја гарантира сувереноста на Либан, а израелските напади би ги прекршиле условите, велат од иранското МНР, откако беше потпишан документ со кој се предвидува завршување на војната меѓу Америка и Иран и отворање на Ормускиот Теснец, пренесува Тајмс оф Израел.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Есмаил Багаеи, изјави дека меморандумот за разбирање со САД обезбедува почитување на територијата и суверенитетот на Либан.

„Продолжувањето на нападите врз Либан ќе претставува прекршување на обврските содржани во меморандумот“, рече тој за либанските медиуми.

Тој тврди дека „Израел не сака да даде никаква можност за дипломатски пат за смирување на ситуацијата во нашиот регион“.

„Вашингтон е одговорен да го обврзе ционистичкиот ентитет да ги почитува преземените обврски во договорот“, додава тој.

Багаеи вели дека меморандумот утврдил оти САД и Иран „ќе преговараат исклучиво за нуклеарното прашање и укинувањето на санкциите“.

Овие наводно ограничени разговори се во контраст со основните декларирани цели на војната започната од САД и Израел на 28 февруари, кои вклучуваат уништување на ракетната програма на Иран и создавање услови за иранското население да ја собори власта, како и спречување Иран да се стекне со нуклеарно оружје.

„Ќе водиме преговори за нуклеарното прашање и санкциите во рок од 60 дена, и доколку е потребно, тие ќе бидат продолжени. Ние не сме се стремеле да се стекнеме со нуклеарно оружје и не се стремиме ниту преку негово производство, ниту преку негово набавување“, додаде тој.

Израел со дронови го нападна Јужен Либан, има убиен човек и неколку повредени

Напад е извршен со израелски дрон во градот Бејт Јахун, во покраината Набатије, при што двајца се ранери, пренесува Ал Џазира.

Ал Џазира претходно објави дека друг напад со дрон погодил автомобил во близина на градот Кфар Тебнит, при што едно лице било убиено, а друго тешко повредено.

Конечниот договор меѓу Иран и САД треба да биде договорен во рок од 60 дена, со можност за продолжување ако двете страни се согласат на тоа.

Нападите се контра првата точка од Меморандумот, кој предвидува итен и траен прекин на сите воени операции меѓу двете држави и нивните сојузници, вклучително и на подрачјето на Либан. Двете страни се обврзуваат дека нема да почнуваат нови воени акции ниту да се закануваат со употреба на сила.

Вашингтон и Техеран, исто така, се обврзаа на меѓусебно почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет, како и на немешање во внатрешните работи на другата страна. Воедно, една клучните одредби се однесува и на повторно воспоставување слободна пловидба низ Ормускиот Теснец.

Америка официјално ги објави деталите од договорот со Иран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот