ГАЛЕРИЈА | Се одлепи фасадата на десеткатница во Карпош, исто како и лани – оштетени се три возила
Попладнево околу 16 часот и 20 минути на улицата „Јуриј Гагарин“ број 33 се одлепи и падна масивен дел од фасадата на десеткатницата по што одронот се сруши врз три паркирани возила. Читателка на „Слободен печат“ тврди дека и лани се случило буквално истото, односно фасадата на истата зграда се одронила.
Препорачано
-Попладнево по вторпат се одвои дел од фасада во зградата во која живеам. Лани на 9 јули за првпат падна дел од фасадата и историјата се повторува. И оваа година како и претходната беа известени Центарот за управување со кризи, полицијата, општина Карпош. Полицијата брзо и професионално стигна на местото. Има оштетени три возила од кои едното е мое, а штетата допрва ќе се проценува. Прашање е кој ќе ја плати штетата, изјави за „Слободен печат“ Ана Донева, станарка од зградата чие возило е оштетено.
„Слободен печат“ пред 6 години извести дека на истата улица, на само неколку стотици метри оддалеченост, се одрони фасада на слична десеткатница, по што заврши врз автомобилот на Васко Тодоров, популарниот актер од К-15, попознат како „Тошо Малерот“.





Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
9мин
-
21мин
-
29мин
-
44мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


