Новак Ѓоковиќ со ќерка му Тара и евровизиската победничка Дара танцуваат на победничката песна „Bangaranga“/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | Хит-снимка: Ѓоковиќ со ќерката Тара и евровизиската победничка Дара заиграа на „Бангаранга“

Победничката на „Евровизија“, Дара од Бугарија, се сретна со српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ и со неговата ќерка Тара. 

Сè се случило многу спонтано, а средбата не можела да помине без познатиот танц на песната „Бангаранга“, кој Ноле неодамна го изведе со малата Тара.

Дара ги сподели впечатоците од нивната средба на „Инстаграм“ и оти ја смета за „судбинска“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DARA (@darnadude)

– Колку е мал овој свет. Кога судбината ќе проговори, ја слушаш… и почнуваш да танцуваш Бангаранга. – Вчера сосема случајно го запознав на Новак во текот на вечера, сосема неочекувана средба, но некако се чинеше како да било судено да се случи – рекла победничката на Евровизија.

Дара, чие целосно име е Дарина Јотова, со песната „Bangaranga“ победи на 70. издание музичкиот натпревар Евровизија, што се одржа во мај во Виена.

Дара уште од детството се занимава со музика и изучува фолклорно пеење. Својата кариера пред пошироката публика ја започна во 2015 година, кога учествуваше во музичкото шоу „Икс фактор“ во Бугарија, каде што стигна до финалето и го освои третото место. Нејзин ментор тогаш беше бугарскиот музичар Криско. На почетокот на 2026 година Дара беше избрана за бугарска претставничка на Евровизија, откако победи на националниот избор и кај жирито и кај публиката.

ВИДЕО | Новак Ѓоковиќ заигра како мало дете — со ќерката Тара танцуваше на евровизиската песна „Бангаранга“

Која е Дара, бугарската победничка на Евровизија 2026?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот