ФОТО | Новите фотографии од Камила и Чарлс станаа вирални — кралицата си ги изгриза ноктите, кралот правеше гримаси
Иако неговото име во прево значи „достигнување височини“, коњот на кралот Чарлс, Reaching High, не успеал да ги оправда очекувањата на престижната трка во Аскот. И покрај тоа што се сметал за еден од фаворитите, трката ја завршил на последното место.
Препорачано
Поразот очигледно многу го погодил кралот Чарлс. Тој видливо се намрштил додека неговиот коњ, кој многумина го сметале за голема надеж, ја завршил трката на деветтото место. Напнатоста не ја криела ниту кралицата Камила, која од кралската ложа ја гледала трката низ двоглед и притоа си ги грицкала ноктите, пишува „Дејли мејл“.
View this post on Instagram
Фотографиите од нивните напнати изрази на лицето, кои многумина на социјалните мрежи ги прогласија за урнебесни, брзо почнаа да се шират на интернет.
Кралот Чарлс и кралицата Камила во официјалната програма се осврнале на предизвиците што ги носи еден од најпознатите тркачки настани во светот.
„Ние и самите сме одгледувачи и сопственици, па затоа знаеме колку е тешко да се победи на Ројал Аскот. Затоа им посакуваме на нашите колеги одгледувачи, како во земјата така и во странство, многу среќа во овој навистина фасцинантен предизвик“, порачале тие.
View this post on Instagram
Чарлс и Камила по смртта на кралицата Елизабета Втора ја презедоа нејзината ергела и со текот на времето станаа страсни сопственици на тркачки коњи. Првата победа на Ројал Аскот ја прославија во 2023 година, кога нивниот чистокрвен коњ Дезерт Херо победи на трката „Крал Џорџ Петти влогови“.
Кралскиот пар се надева на поголема среќа во текот на неделата, со оглед на тоа што пријавиле уште четири коњи за овој престижен спортски настан. Кралот Чарлс имал можност да го држи трофејот в раце кога му ја врачил наградата на победникот на трката со соодветно име „Крал Чарлс Втори влогови“, која ја освоил „Мишн сентрал“ на тренерот Ајдан О’Брајан.
Кралот Чарлс сепак не го откажува своето патување во САД поради пукањето


