Фото: Слободен печат/Методи Здравев

РК Вардар 1961 аплицираше за место во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација денеска објави дека 27 екипи се регистрирани за сезоната 2026/27 во машката ракометна Лига на шампионите.

Врз основа на ранкингот на федерациите, директно во групите обезбедија: Загреб, Алборг, Барселона, ПСЖ, Магдебург, Веспрем, Колстад, Киелце, Спортинг и Динамо Букурешт, како и победникот во ЕХФ Европската лига, Мелсунген.

Вкупно 24 екипи ќе играат во новата сезона на ЛШ поделени во шест групи, секоја група ќе има по четири тима.

Македонскиот првак Вардар 1961 не доби директно место во елитното европско клупско натпреварување, скопските „црвено-црни“ аплицираа за вајлд-карта.

Покрај Вардар 1861, аплицираа уште пет клубови: Валур (Исланд), Целје Пивоварна Лашко (Словенија), Партизан (Србија), Криенс Луцерн (Швајцарија) и Кристианштад (Шведска).

Аплицирааа уште 10 клубови чии федерации се во Топ 10 ранкинг на ЕХФ: Архус, ГОГ, Нант, Монпеље, Фуксе Берлин, Пик Сегед, Татабања, Елверум, Висла Плоцк и Порто.

Конечната одлука за тоа кои ќе бидат учесници, ќе биде објавена во понеделник, 22 јуни, неколку дена пред ждрепката за групната фаза на ЛШ на 26 јуни во Виена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот