Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Модриќ пред Англија: Го познавам добро Белингам и знам колку може да биде опасен

Хрватската фудбалска репрезентација го започнува својот настап на Светското првенство денеска од 22.00 часот, а прв ривал ќе биде селекцијата на Англија во рамките од групата Л каде играат и селекциите на Гана и Панама.

За капитенот на Хрватска, Лука Модриќ, ова ќе биде петти настап на Светското првенство и 10 големо меѓународно натпреварување.

– Имавме одлично подготовки и во Хрватска и во САД. Задоволен сум од тоа како работевме и верувам дека ќе го покажеме тоа на теренот. Имаме комбинација од искуство и младост, квалитетен тим и во текот на СП ќе видиме на што сме способни. Очекувањата се големи, но одиме натпревар по натпревар – рече Модриќ.

Иако дуелот против Англија се смета за еден од клучните во групната фаза, хрватскиот капитен смета дека еден резултат не може да ја одреди судбината на тимот на првенството.

Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

– Секој натпревар за репрезентацијата е посебен и важен. Првиот натпревар е важен за самодовербата, но не е одлучувачки. Најважно е да го дадеме нашиот максимум и да ја претставиме Хрватска на најдобар можен начин – вели Модриќ.

Англија има голем квалитет, доаѓа на Мундијалот како еден од фаворитите за освојување на титулата, а Модриќ особено предупредува за ѕвездата на средниот ред, Џуд Белингам.

– Имаме многу тежок натпревар против врвен противник. Англија има огромен број квалитетни играчи. Го познавам добро Белингам и знам колку може да биде опасен, но ние веруваме во себе и сме подготвени за предизвикот. Не размислуваме на ништо друго, нè интересира само Англија и поминувањето на групната фаза. Ако ја постигнеме таа цел, тогаш можеме да бидеме опасни за сите – се зборовите на Модриќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот