Франциај/EPA/SARAH YENESEL

ВИДЕО | Mбапе со еврогол стави точка на победата на Франција над Сенегал

Франција со победа го отвори настапот на Светското првенство, совладувајќи го Сенегал со 3-1 во натпревар во кој прикажа две сосема различни лица во двете полувремиња. Херој на „триколорите“ беше Килијан Мбапе со два постигнати гола.

Иако важеше за голем фаворит, француската репрезентација не блескаше во првите 45 минути. Избраниците на Дешам доминираа во поседот на топката, но Сенегал беше тимот што создаваше поконкретни можности преку брзи контранапади.

Џексон и Сар пропуштија одлични шанси да го доведат африканскиот состав во водство, па Французите можеа да бидат задоволни што на паузата резултатот остана непроменет 0-0.

Продолжението донесе сосема поинаква слика на теренот. Франција го засили темпото, почна да создава сериозни закани пред противничкиот гол и конечно го скрши отпорот на Сенегал. По неколку пропуштени можности, Мбапе во 66. минута ја затресе мрежата по одличната асистенција на Олисе.

Само две минути по влегувањето во игра, Баркола во 82. минута го удвои водството и се чинеше дека го реши победникот. Сепак, драмата не изостана. Во петтата минута од судиското продолжение Мбаје намали на 2-1 и внесе неизвесност во финишот, враќајќи ја надежта кај Сенегалците.

Но, таа траеше кратко. Веќе во следниот напад Мбапе со мајсторски удар од далечина повторно погоди и ги постави конечните 3-1, потврдувајќи ја победата на Франција на стартот од мундијалскиот настап.

ФОТО | Закана во Хјустон, натпреварот на Португалија може да биде одложен

ВИДЕО | Турски коментатор направи голем гаф на Мундијалот — ги помеша Иран и Нов Зеланд

Корејските новинари го исмејувале Сон, репрезентацијата на Кореја им возврати со бојкот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот