ФОТО | „Напред Бразил“: Алесандра Амбросио во бикини ги бодри Бразилците на Светско
Бразил е земја на убавите жени и магијата на фудбалот. А кога една од најпознатите бразилски убавици ќе застане во поддршка на националниот тим, резултатот е вистински празник за очи за навивачите на „Селесао“.
Препорачано
Манекенката Алесандра Амбросио направи атрактивна фотосесија во бикини во жолто-зелените бои на бразилското знаме, со што ја покажа својата поддршка за бразилската репрезентација на Светското првенство во фудбал.
Фотографиите ги објави на својот инстаграм-профил, каде позира со националното знаме во рацете и широка насмевка на лицето.

„Напред Бразил“, напиша Амбросио во описот на фотографиите, додавајќи емотикони со бразилското знаме и хаштаговите поврзани со Светското првенство во 2026 година.

„Селесао“ на Светското првенство 2026 го почна настапот со реми од 1:1 против Мароко. Иако Бразилците не стигнаа до посакуваната победа на отворањето, навивачите и понатаму веруваат во селекцијата предводена од искусниот Нејмар, која важи за еден од фаворитите за освојување на титулата.
Бразил е најуспешната репрезентација во историјата на Светските првенства со пет шампионски титули, освоени во 1958, 1962, 1970, 1994 и 2002 година. „Кариоките“ се и единствената селекција која настапила на сите светски првенства досега, а нивниот дрес низ историјата го носеле легенди како Пеле, Роналдо, Ромарио, Ривалдо, Роналдињо и Кака.
Следниот предизвик за Бразил на Мундијалот е дуелот против Хаити, по кој ќе следи натпреварот со Шкотска, а целта останува иста – освојување на долго посакуваната шеста светска титула.
Анчелоти: Не сум задоволен, очекував подобро да го почнеме Мундијалот


