Најпосетуваниот град во Хрватска воведува радикална забрана
Пренатрупаноста на приморските места во Хрватска за време на летната сезона сè потешко ја поднесуваат и граѓаните и локалните власти. Во Ровињ, каде што бројот на ноќевања постојано расте, сакаат да стават крај на трендот на прекумерна „апартманизација“, пишува „Хрт“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
По Барселона, Атина и Фиренца, Ровињ би можел да стане следниот град во кој привремено нема да се отвораат нови апартмани.
Градот планира да воведе мораториум на издавање дозволи за категоризација на нови објекти во старото градско јадро, и тоа за период од две години.
„Сметаме дека постои потреба во старото градско јадро, за следните две години, благодарение на Планот за управување со дестинацијата кој ни го овозможи Законот за туризам, да воведеме можност за мораториум на издавање решенија за категоризација и апартманизација“, изјави градоначалникот на Ровинј, Емил Нимчевиќ.
Со речиси 4,5 милиони туристички ноќевања остварени минатата година, Ровињ е најпосетениот град во Хрватска. Додека хотелите и камповите ја подигнуваат својата услуга, приватното сместување постојано расте.
Од вкупно 38.500 легла, приватното сместување учествува со околу 30 проценти, односно околу 11.680 легла, соопшти Ива Дамугија од Туристичката заедница на Ровинј.
Во екот на сезоната во градот има околу 25.000 гости, што создава проблеми со инфраструктурата, паркингот и квалитетот на живот на локалното население.
„Имаме проблем со паркинг-места, бидејќи туристите доаѓаат во центарот на градот и сакаат да се паркираат таму, а не три километри подалеку“, изјави изнајмувачката на сместување Ксенија Пехар.
Од здружението на приватни изнајмувачи не се сигурни дека мерката ќе даде позитивни резултати, предупредувајќи дека може да доведе до зголемување на сивата економија.
Тие посочуваат и дека веќе постои проблем со нелегално издавање сместување и дека локалните жители треба да бидат тие што се занимаваат со овој бизнис, а не инвеститори кои купуваат недвижности само за профит.
Планот за управување со дестинацијата е моментално на јавна расправа. Доколку биде усвоен од градскиот совет и надлежните институции, во Ровинј во следните две години нема да се отвораат нови апартмани — барем не легално.
Објавени се најдобрите европски градови за „дигитални номади“, на листата е и град во Хрватска


