Фото: Korabelov.info / скриншот

ВИДЕО | Украинец нокаутира армиски офицери кои запреле друг човек за да го земат во војска

Снимка од инцидент кој наводно се случил неделава на улиците на украинскиот град Миколаив, се прошири на социјалните мрежи – на видеото се гледа како млад човек напаѓа и брутално нокаутира офицери за регрутација кои претходно наводно на улица запреле друг човек со намера да го мобилизираат во војната против Русија, јави локалниот портал Корабелов.инфо.

На снимката се гледа како напаѓачот соборува двајца претставници на воената полиција, без тие да успеат да пружат посериозен отпор, по што бега од местото. Околностите на инцидентот засега не се официјално потврдени.

Нападите врз офицерите и војниците на украинската армија кои се обидуваат да мобилизираат мажи за војната, зачестија во последните месеци, откако војната против Русија, во која, според официјални бројки и независни проценки, досега загинале преку 50.000 украински војници, влезе во петтата година.

ОН: Мај е најсмртоносниот месец за украинските цивили од почетокот на војната

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот