Фото: @Breaking911 / X / скриншот

ВИДЕО | Во Америка се урна авион кој носел падобранци, 12 луѓе загинаа

Мал авион, кој пренесувал 11 луѓе кои требало да скокаат со падобрани, падна денеска во американската држава Мисури, а во несреќата, која се случила во близина на аеродром, загинал и пилотот на авионот, јавуваат американските медиуми.

Според првичните извештаи, непосрено по полетувањето, авионот паднал откако не успеал да достигне доволна висина, нагло завртел налево и се урнал во поле на околу 300 метри од пистата.

Станува збор за едномоторен турбопропелерски авион на компанијата „Скајдајв Канзас Сити“, кој по падот се запалил.

Локалните власти соопштија дека нема преживеани. Во тек е истрага на надлежните која треба да ги утврди причините за несреќата.

Идентитетот на жртвите засега не е објавен бидејќи нивните семејства сè уште не се официјално известени. Несреќата се случила во близина на градот Батлер, околу 105 километри јужно од Канзас Сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот