фото: Фејсбук / Христијан Мицкоски

Мицкоски: Нема да попуштиме пред хистеријата – дата центрите се иднината на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од плановите за привлекување инвестиции во дата центри, и покрај критиките и реакциите во јавноста. Според него, целта е развој на државата, создавање нова вредност и отворање добро платени работни места.

Тој оцени дека по објавата оти со десетици компании се водат разговори за изградба на дата центри во Македонија се појавила „хистерија“ од мала група луѓе кои, како што рече, се обидуваат да го попречат развојот на државата.

-Светот својот економски раст сè повеќе го темели на вештачката интелигенција и податочните центри. За нивно функционирање е потребна електрична енергија и соодветна инфраструктура. Не можеме да дозволиме Македонија да остане надвор од овие глобални трендови- изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека Владата ќе поддржи секој проект што ќе ги исполни законските и техничките услови, посочувајќи дека критериумите ќе бидат споредливи со оние во САД, Франција и другите развиени европски земји.

Мицкоски потсети дека големи инвестиции во дата центри веќе се реализираат во Франција, Хрватска и САД, додавајќи дека Македонија има можност да стане дел од современата технолошка економија.

Тој порача дека Владата ќе продолжи да работи на привлекување вакви инвестиции, а конечниот суд за политиките, како што нагласи, ќе го дадат граѓаните на избори.

Колачињата помагаат оваа страница да работи, да ја мери употребата и да поддржува маркетинг. Управувајте со поставките за колачиња во секое време. Дознајте повеќе за нашата политика за колачиња.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот