Фото: Germany Football Team/FB

Четврти ден на Мундијалот: Германија ја отвора програмата против дебитантот на најголемата сцена

Пред нас е четвртиот ден од Светското првенство, а како и претходниот ден, и денеска се играат четири натпревари. Програмата започнува со дуелот во 19 часот меѓу Германија и Курасао. Малата карипска држава со околу 150.000 жители го ќе го има своето деби на најголемата сцена и тоа против Германија која е апсолутен фаворит.

Со оглед на германскиот менталитет и нивниот пристап да не попуштаат во нападот дури и при високо водство, не е исклучено во Хјустон да се види и најубедливата победа на турнирот досега.

Во 22 часот на програмата е дербито на денот меѓу Холандија и Јапонија. Холанѓаните веќе не се толку доминантни како некогаш, но и понатаму негуваат офанзивен и атрактивен фудбал, исто како и Јапонија, па се очекува отворен натпревар во Далас со многу шанси и погодоци.

По полноќ, од 1 часот, следува дуел кој би можел да биде спротивност на претходните два, во кој се среќаваат Брегот на Слоновата Коска и Еквадор. Додека африканската селекција игра релативно офанзивно, текот на натпреварот во голема мера ќе зависи од Еквадорците, кои важат за една од најдефанзивно ориентираните репрезентации на турнирот.

Еквадор во јужноамериканските квалификации на 18 натпревари постигна 14 гола и прими само 5, но и покрај тоа заврши на второто место, а селекторот Себастијан Бекачеќе се води од принципот да не менува победничка тактика.

Четвртиот ден од Мундијалот ќе биде затворен со натпреварот меѓу Шведска и Тунис, кој се игра во 4 часот наутро во Монтереј. Швеѓаните влегуваат како фаворити, а останува да се види дали ќе успеат да пронајдат начин да ја „отклучат“ добро организираната одбрана на Тунижаните.

Четврти ден од СП:

14 јуни, 19:00: Германија – Курасао (Група Е, Хјустон)

14 јуни, 22:00: Холандија – Јапонија (Група Ф, Далас)

15 јуни, 01:00: Брегот на Слоновата Коска – Еквадор (Група Е, Филаделфија)

15 јуни, 04:00: Шведска – Тунис (Група Ф, Монтереј)

Анчелоти: Не сум задоволен, очекував подобро да го почнеме Мундијалот

ВИДЕО | Шок за Швајцарија во Санта Клара, Катар во самиот финиш до бод

ВИДЕО | Бразил одигра реми против Мароко, стрелци Саибари и Винисиус Жуниор

ВИДЕО | Австралија ја шокираше Турција, Шкотска минимално славеше против Хаити

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот