Screenshot/X

ВИДЕО | Запален автобус, искршено полициско возило, нереди и хаос: Њујорк „гореше“ по шампионската титула на Никси

Историската шампионска титула на Њујорк никси, прва по пауза од 53 години, беше проследена со инциденти и судири меѓу навивачите и полицијата на улиците на Њујорк.

Додека илјадници фанови пред „Медисон сквер гарден“ на голем екран го следеа триумфот на својот тим над Сан Антонио со 94-90 во петтиот натпревар од финалната серија, еуфоријата по завршувањето на мечот прерасна во нереди.

Според информациите од американските медиуми, дел од навивачите влегле во конфликт со полициските сили, при што било оштетено било и полициско возило. Во хаотичната атмосфера, поединци се качувале на скелиња, столбови за осветлување и споменици, додека други се искачиле на училишни автобуси на Тајмс сквер.

Од Полициската управа на Њујорк соопштија дека се извршени повеќе приведувања, но конечниот број на уапсени лица ќе биде објавен дополнително.

Поради претходните инциденти за време на плејофот, како и насилствата по третиот и четвртиот финален натпревар во Њујорк, во кои беа повредени и полициски службеници, безбедносните сили и овојпат биле во состојба на зголемена готовност.

 

ВИДЕО | Никси го освоија Тексас и по половина век станаа шампиони во НБА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот