ВИДЕО | Новинарка го налути легендарниот Ромарио: Кој не разбира фудбал размислува како тебе
По првиот натпревар на Бразил на Светското првенство, во кој „кариоките“ ремизираа 1-1 против Мароко, во живо во програмата на бразилската телевизија „Казе ТВ“ дојде до мала расправија меѓу легендарниот Ромарио и новинарката Фернанда Жентил.
Препорачано
Моментот се случи по средбата одиграна на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, со која Бразил го започна настапот во групата Ц со освоен еден бод.
За време на анализата, новинарката го прашала Ромарио дали ремито на отворањето на Мундијалот може да се смета за резултат еднаков на пораз, по што следуваше остар одговор од поранешниот бразилски ас.
„Слушај, Фернанда, работата е едноставна. Тие што не разбираат фудбал ќе размислуваат како тебе за реми во првиот натпревар на Светско првенство против Мароко. Ние сме Бразил, но според мене Мароко одигра подобар фудбал, беше технички поквалитетен и подобро поставен на теренот. Секако дека имаме поквалитетни играчи од Мароко“, изјавил Ромарио.
Легендарниот напаѓач постигна 55 голови на 71 натпревар за бразилската репрезентација и беше дел од генерацијата што ја освои светската титула во 1994 година.
🇧🇷1️⃣⚽️1️⃣🇲🇦 | GRUPO C | MUNDIAL 2026: “Quien no conoce de fútbol tiene el pensamiento que tu tienes”
El comentario de Romario hacía Fernanda Gentil, mientras comentaban en CazeTv, luego de que la periodista opine que el empate con Marruecos fue una derrota pic.twitter.com/nyL2vUl5V6
— Alerta News 24 (@AlertaNews24) June 14, 2026
ВИДЕО | Австралија ја шокираше Турција, Шкотска минимално славеше против Хаити


