ВИДЕО: Дали знаете каква револуција се случува во Албанија деновиве? И како темава е поврзана и со Охрид

Заштитениот предел Вјоса-Нарта во Албанија, каде што е местото Зврнец, и островот Сазан се едни од најважните природни живеалишта и подрачја за размножување илјадници заштитени фламинга, морски желки и ретки средоземни фоки.

Зврнец е директно поврзан со делтата на реката Вјоса, која е прогласена за прв Национален парк за диви реки во цела Европа. Кушнер и Трамп буквално планираат да градат хотели таму, а граѓаните – збеснаа.

Токму поради таа причина, деновиве во центарот на Тирана се случува бран од масовни граѓански протести, познати како „Фламинго револуција“.

Протестот веќе не е локализиран само во Албанија. Албанската емиграција (дијаспората) во САД и низ Европа започна да организира поддршка и протести пред албанските амбасади, со цел да се изврши меѓународен притисок врз фирмата на Кушнер, „Affinity Partners“.

Албанците велат дека веќе ги жртвувале Саранда, Драч и Влора за масовниот и неконтролиран туризам, па брегот е претворен во шума од бетонски згради. Зврнец беше нивното последно природно прибежиште…

Протестите продолжуваат, а демонстрантите најавуваат дека нема да се повлечат од улиците сѐ додека проектот не биде целосно суспендиран, а Еди Рама не поднесе оставка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот