ВИДЕО | Пожарникар е херој во Шабац, спаси продавачка од разбојник кој мавташе со нож
Припадник на Одделот за вонредни ситуации, пожарникар и спасител од Противпожарната и спасувачка единица во Шабац, утрово спречил обид за грабеж во овој српски град, пренесе српски Н1.
Препорачано
Маж со маска на лицето и качулка на главата влегол во продавницата веднаш по пожарникарот Лука Богиќевиќ, извадил нож и вработената ја натерал да му ги даде пари од касата, пренесува РТС. На видеото кое го објави МУП се гледа како разбојникот мавта со ножот и се заканува, но тоа пожарникарот не го уплашило, напротив тој тргнува кон насилникот и без двоумење го исфрли надвор од продавницата.
„Реагирајќи мирно и храбро, пожарникарот-спасител Богиќевиќ се соочи со осомничениот, го совлада и го турна надвор од зградата. Полициските службеници набрзо го идентификуваа и приведоа осомничениот“, соопшти МУП на Инстаграм.
Немало повредени, а не се украдени ниту пари.
„Херојството не започнува кога ќе се огласи сирената – тоа е дел од карактерот. Затоа пожарникарите-спасувачи се херои не само за време на интервенциите, туку и во секојдневниот живот, кога е потребно да се застане за да се заштитат другите“, се додава во соопштението на МУП.


