Фото: EPA/FELIPE GUTIERREZ

ВИДЕО | Мексико води против Јужна Африка, Кињонес е стрелец на првиот гол на Мундијалот

Во првиот натпревар на Светското фудбалско првенство во рамките од групата А на стадионот „Ацтека“ се среќаваат репрезентациите на Мексико и Јужна Африка.

Мексиканците како едни од домаќините на Мундијалот ја имаат големата поддршка од своите навивачи.

Веќе на самиот старт Мексико успеа да дојде до водство од 1:0 со погодок во деветтата минута од средбата.

По една грешка во одбраната на Јужна Африка, веднаш казни домаќинот, а стрелец на првиот гол на Мундијалот е Хулиан Кињонес по асистенцијата на Ерик Лира.

Тоа е четврти погодок за Кињонес во дресот на најдобрата репрезентација на Мексико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот