Фото: EPA/ISAAC ESQUIVEL

ВИДЕО | Драма пред отворањето на Светското првенство, Брзата помош мораше итно да реагира

Светското првенство започна вечерва со натпреварот помеѓу фудбалските репрезентации на Мексико и Јужна Африка на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити.

Над 80.000 луѓе се присутни на отворањето на Светското првенство. Секако, медицинските служби имаа полни раце работа уште пред почетокот на натпреварот.

Вистинската драма се одвиваше пред самиот стадион, кога амбулантно возило мораше да се пробива до навивач за да му пружи помош.

На социјалните мрежи излегоа информации дека навивачот паднал во несвест. Лекарите веднаш реагирале и го пренеле човекот до најблиската болница.

Во толпата колабирала и една постара жена, навивачка на Мексико, која навивачи ја изнеле од толпата на безбедно место.

Мундијал каков што светот не видел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот