Фото: EPA/ISAAC ESQUIVEL

Мексико со засилени безбедносни мерки за Светското фудбалско првенство

Светското првенство во фудбал во 2026 година се отвори во Мексико Сити, со првиот натпревар помеѓу домашната репрезентација на Мексико и репрезентацијата на Јужна Африка.

Натпреварот, кој е дел од првото коло од Групата А, почна од 21.00 часот.

За да се обезбеди безбедноста на учесниците и гледачите на овој голем спортски настан, полицијата организираше обемно обезбедување.

Повеќе од 80.000 навивачи се собраа на стадионот „Ацтека“ за да ги поддржат Мексиканците на отворањето на Светското првенство, а полицијата во земјата не сакаше ништо да остави на случајот, па затоа распореди невидени безбедносни сили.

Голем конвој од полициски возила и единици кои го следат движењето на тимовите и навивачите беше виден пред стадионот.

Деновиве има и големи протести во Мексико поради илјадниците исчезнати лица во оваа земја, каде што нарко-картелите се голем проблем со децении.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот