Македонија/РФМ

Ракометарите ги дознаа противниците за Светското првенство во Германија

Македонската ракометна репрезентација ги дозна своите противници за претстојното Светско првенство во Германија, откако денеска во Минхен беше одржана ждрепката за Мундијалот што ќе се игра следната година.

Нашата селекција, која на ждрепката беше сместена во вториот шешир, ќе настапува во групата Х, каде што за противници ги доби репрезентациите на Исланд, Бахреин и Јапонија. Натпреварите од оваа група ќе се играат во Магдебург.

Според системот на натпреварување, трите најдобропласирани селекции од секоја група ќе обезбедат место во главната фаза на шампионатот. Во втората рунда репрезентациите ќе бидат распределени во четири нови групи и ќе ја продолжат битката за пласман во елиминациската фаза.

Светското првенство ќе се одржи од 13 до 31 јануари следната година, а домаќини на натпреварите ќе бидат германските градови Минхен, Штутгарт, Кил и Магдебург.

Фото: РФМ

Познати се датумите кога Македонија ќе игра на Мундијалот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот