Тенисерите поразени од Молдавија во Дејвис купот
Македонската тениска репрезентација претрпе пораз од Молдавија со 2-1 на стартот од настапот во Третата Европска група од Дејвис купот во Кишињев, иако избраниците на селекторот добро го отворија дуелот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Првиот поен за Македонија го донесе Калин Ивановски, кој по пресврт го совлада Иља Снитари со 2-1 во сетови (4-6, 6-3, 6-1) и ѝ обезбеди почетна предност на нашата селекција.
Во вториот меч, Олег Приходко беше на добар пат да го завери триумфот, откако го освои првиот сет против Раду Албот во тај-брејк со 10-8. Сепак, проблемите со грчеви го принудија да побара медицинска помош, што искусниот Албот умешно го искористи. Молдавецот го доби вториот сет со 7-5, а Приходко поради физичките проблеми не можеше да го заврши решавачкиот сет и го предаде натпреварот.
Слично сценарио се случи и во мечот во двојки. Ивановски и Приходко имаа солиден почеток и водеа во текот на дуелот, но противниците Раду Албот и Иља Снитари постепено ја презедоа контролата. Бидејќи здравствените проблеми на Приходко продолжија, македонскиот тандем беше принуден да го предаде и овој меч, со што победата ѝ припадна на Молдавија.


