Jaник Синер/EPA-EFE/TERESA SUAREZ

ВИДЕО | Проблемот на Синер не го решија во Торино, сега е примен во болница во Милано

Италијанскиот тенисер Јаник Синер доживеа неочекувана и шокантна елиминација уште во второто коло на Ролан Гарос, каде што беше поразен од Аргентинецот Хуан Мануел Серундоло, а во тој меч светскиот рекет број еден се соочи и со сериозни здравствени проблеми.

Синер се соочи со мачнина, вртоглавица и силни грчеви, а очигледниот недостаток на енергија му ја олесни работата на неговиот ривал, кој направи пресврт и се пласираше во следната рунда.

По мечот, Италијанецот го напушти Париз и отпатувал во Торино, каде што бил подложен на медицински прегледи во центарот под надлежност на Јувентус, но причината за неговиот физички колапс засега не е утврдена.

Во потрага по одговори, како што пренесува „Ла Газета дело Спорт“, првиот Синер сега бил примен и во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, каде што се закажани дополнителни детални испитувања.

Синер по шокантниот пораз: Не беше толку топло, тешко е да се најде конкретна причина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот