фото: kfsm.mk

Шортс го менува клубот, ќе игра во тандем со Василије Мициќ?

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс би можел да ја продолжи кариерата во израелскиот Хапоел Тел Авив, откако не успеа целосно да ги оправда очекувањата во редовите на Панатинаикос.

Шортс минатото лето пристигна во Атина од францускиот Париз како едно од најзвучните засилувања на тимот предводен од тренерот Ергин Атаман и потпиша двегодишен договор со грчкиот гигант.

Сепак, плејмејкерот не успеа да се наметне како еден од лидерите на екипата, а неговиот учинок беше значително послаб во споредба со сезоната која претходно ја имаше во Евролигата со Париз. Во просек бележеше 8,1 поен и 2,9 асистенции по натпревар.

Поради тоа веќе подолго време се шпекулира за негово заминување од Панатинаикос, а според информациите на израелските медиуми, најизгледна следна дестинација е Хапоел Тел Авив.

Наводно, двете страни веќе постигнале договор за соработка, па Шортс во новата сезона би требало да формира силен плејмејкерски тандем со српскиот репрезентативец Василије Мициќ.

Партизан го продолжи договорот со Пењароја

Гарбахоса: Драго ми е што Македонската кошаркарска федерација е повторно на вистинскиот пат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот