Над 1.600 жени родени во Македонија лани родиле бебиња во Германија
Вкупниот број на македонски државјани регистрирани како странци кои живеат во Германија заклучно со декември минатата година изнесувал 161.120, што е за 2.000 повеќе отколку во 2024 година, кога овој број изнесувал 158.995, пишува македонската редакција на „Блумберг Адрија“.
Препорачано
Од 2015 до 2025 година, бројот на македонски државјани регистрирани како странци во Германија се зголемил за повеќе од 65.000.
Статистиката покажува дека само минатата година во Германија се родени 1.620 новороденчиња, коишто, според германската статистичка класификација, имаат мајки кои се родени во Македонија.
Германија останува една од најпосакуваните дестинации за македонските граѓани кои бараат подобри економски можности, повисоки приходи и посигурна иднина за своите деца. Илјадници македонски граѓани се преселија таму во последните години, а некои од нив веќе основаат семејства и имаат деца, што придонесува за зголемување на бројот на деца родени во германски породилишта од родители со македонско потекло.
Живееме подолго, а нè има сè помалку: Македонија со минус 4.000 жители за една година


