Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Мицкоски најави изградба на клиничка болница на платото пред „Борис Трајковски“

Владата останува на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради во близина на базенот кај арената „Борис Трајковски“ и оти тоа е најдобро решение.

– Дефинитивно остануваме на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“. Тоа е земјиште кое е во приватна сопственост. Преговараме со приватниот сопственик и сакаме тука да го направиме сето тоа, да може со подземен тунел да се поврзе со актуелната болница „8 Септември“. Тука ни е ПЕТ-центарот и поликлиниката „Букурешт“ и тоа ќе биде еден целосен заокружен комплекс, рече на денешниот брифинг со новинарите премиерот Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека со сопственикот на таа приватна парцела преговараат да се направи замена „земја за земја“ и да се види до каде ќе се стигне, наведувајќи дека е задоволен од тоа како досега течеле преговорите.

Мицкоски најави дека продолжува и реализација на изградбата на Клиничката болница во Штип, заедно со медицински факултет и студентски дом, како и Клиничката болница во Тетово и Здравствен дом со проширена дејност во Кичево.

Кандидат со анти-ЛГБТ ставови и против феминизмот е предложен за член на Комисијата против дискриминација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот