Ќерката на принцот Хари и Меган Маркл наполни пет години, отсега ќе мора да почитува важно кралско правило
Принцезата Лилибет на 4 јуни го прослави својот петти роденден, а со тоа официјално стапува во сила едно од традиционалните правила на британското кралско семејство.
Препорачано
Ќерката на принцот Хари и Меган Маркл отсега треба да се поклонува пред кралот Чарлс Трети и кралицата Камила при средба со нив. Според кралскиот протокол, членовите на семејството од петгодишна возраст се очекува да го поздравуваат монархот со наклон.
Кралската експертка Марлен Ајлерс Кениг за магазинот „Хелоу!“ објаснила дека ова правило почнува да се применува токму од петтата година.
„Единствената личност пред која ќе се поклонуваат е актуелниот монарх. Членовите на кралското семејство кои имаат титула Негово или Нејзино Кралско Височество не се поклонуваат едни на други, иако често се појавуваат неточни тврдења за тоа“, изјавила таа.

Таа појаснила дека станува збор за прашање на етикета, а не на хиерархиски ранг. Наклонот традиционално се прави при првата средба со монархот во текот на денот и повторно при заминување.
Со ова се согласува и Мајка Мајер од „Бомонт Етикет“, која истакнува дека обуката на децата во кралското семејство започнува уште од најрана возраст.
„Тие се воспитуваат со формални семејни оброци, присуствуваат на официјални настани и постепено учат сè – од начинот на комуникација до правилното облекување“, изјавила таа за списанието „Пипл“.
Сепак, не е познато колку од овие кралски правила ќе бидат дел од воспитувањето на Лилибет и нејзиниот седумгодишен брат Арчи, со оглед на тоа што тие растат далеку од британскиот двор, во Монтесито, Калифорнија.
По повод роденденот на својата ќерка, Меган Маркл на Инстаграм објави фотографија на која Лилибет боса шета низ градината на нивниот дом.
„Нашето прекрасно девојче. Среќен 5. роденден, Лили“, напиша Меган покрај објавата.


