Настап на пејачката Дафи во германското шоу „Wetten dass...?“ во 2009 година / Фото: EPA

Беше киднапирана и сексуално злоупотребена – по 15 години Дафи се враќа на сцената

Добитничката на наградата „Брит“, Дафи, најави дека на 5 јули во Лондон ќе одржи „таен, интимен настап“ на кој ќе отпее нови песни.

Пејачката Дафи го најави својот прв концерт по повеќе од 15 години, откако претходно откри дека сексуално насилство и киднапирање биле причината поради која се повлече од јавниот живот. Велшката пејачка објави на социјалните мрежи дека на 5 јули во Лондон ќе организира „таен, интимен настап“ на кој за фановите ќе изведе нови песни, пишува „Би-би-си“.

Дафи се прослави во 2008 година со својот дебитантски албум „Rockferry“, освојувајќи три „Брит награди“, една награда „Греми“ и наградата „Ивор Новело“.

Дафи / Фото: EPA/BRUNO BEBERT CORBIS OUT

Во март беше соопштено дека таа ќе го даде своето прво детално интервју за документарец на платформата „Дизни плус“, каде што ќе зборува за голготата што доведе до нејзиното долгогодишно отсуство од музичката индустрија.

Дафи пораснала помеѓу Гвинед и Пембрукшир, пред да стане сензација преку ноќ со хит-сингловите „Stepping Stone“, „Mercy“ и албумот „Rockferry“, кој стана најпродаваниот албум во Велика Британија за 2008 година.

Но, по објавувањето на нејзиниот втор албум и најавата за третиот, Дафи исчезна, оставајќи ги обожавателите и музичката индустрија во прашалници за причините.

Речиси една деценија подоцна, во 2020 година, Дафи преку објава на Инстаграм откри дека била нападната, а подоцна објави и личен есеј на својата веб-страница, опишувајќи како била дрогирана и однесена во странска земја каде што била силувана.

Таа објасни дека голготата завршила дури кога успеала да побегне од својот напаѓач, кој не е идентификуван. Пејачката изјави дека „апсолутно никој“ не знаел за нејзиниот напад и заробеништво, кои, како што рече, ја довеле до суицидални мисли.

Дафи – Фото: g28 / Zuma Press / Profimedia

Во петокот, Дафи им соопшти на фановите преку инстаграм-приказна на својот профил дека ќе организира концерт со ограничен број на места (извлекување по случаен избор).

„Правам таен интимен настап во Лондон на 5-ти јули, следниот месец и ништо повеќе не би сакала од тоа некои од вас да присуствуваат. Капацитетот е мал, па можеме да избереме само неколкумина, но навистина со нетрпение очекувам, ќе отпеам неколку нови песни.“, напиша таа.

Минатиот месец таа исто така сподели црно-бела фотографија од едно музичко студио на Инстаграм, пишувајќи:

„Кога би можела да ги најдам вистинските зборови за да ви објаснам колку многу ми недостигате сите. Работам на тоа да ви се вратам.“

„Ме дрогираа четири недели“: Дафи за првпат ќе зборува за хоророт што ѝ го уништи животот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот