Девојка јаде сладолед/Илустрација/Фото: Katya Wolf / Pexels

ФОТО | Се шокирале од сметката во Рим — за два сладоледа платиле 44 евра

Американски туристички пар го посетил Рим претходно овој месец, каде што се шокирале од цените на сладоледот во самиот центар на градот. Во текот на едно излегување се нашле на неколку метри од Пјаца Навона, а целото искуство го опишала Никол Ен, жена од Флорида. 

Ен објавила на една фејсбук-група и објаснила како таа и нејзиниот сопруг свратиле во слаткарницата „Дон Нино“ која се наоѓа на улицата „Виа ди Тор Милина“, пишува „Еуроњуз“.

„Отидовме да купиме сладолед и побаравме две мали чаши. Таа ни ја даде најмалата чашка и рече дека имаме три топки“, започнала Ен во својата објава.

Наскоро, како што навела Ен, вработената почнала да става додатоци на сладоледот што не ги побарале, како каноли и колачите макаронс, „имплицирајќи дека е бесплатно“. Меѓутоа, нивното возбудување се претворило во шок откако ја добиле сметката.

„Звучеше како да рекла 14 евра“, напишала Никол, која вистинската цена ја сфатила дури откако ја погледнала сметката.

На нејзино изненадување, на сметката пишувало дека нивните два сладоледа чинат дури 44 евра. Во објавата, Ен вклучила и фотографија од сметката, на која може да се види дека две порции сладолед, означени како „макси“, чинеле секоја по 12 евра. Макаронс чинеле 6 евра, а каноли со ф’стаци 5 евра. Четири евра биле наплатени и за додадениот шлаг.

„Дефинитивно туристичка стапица. Искрено, не беше ни добар, најлошиот сладолед што сум го јадела за 10 дена, не можев ниту да го изедам. Имаат неколку локации низ градот“, додала Никол.

Во коментарите Ен нагласила дека нема намера да го оспори наплатувањето, а признала и дека требало повнимателно да ги провери цените пред да го купи сладоледот. Таа исто така рекла дека никогаш не наишла на толку високи цени за сладолед, иако патувала низ цела Италија.

Нејзината објава станала виралена и собра речиси 1.000 коментари. Некои ги поддржале Никол и нејзиниот сопруг, додека други истакнале дека цените во областите со најголем број туристи можат да бидат повисоки отколку во другите делови од градот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот