ФОТО | Француската ѕвезда Патрик Бруел приведен поради силување и сексуални напади на 13 жртви
Францускиот пејач и актер Патрик Бруел (67) во понеделникот наутро е приведен поради повеќе пријави за силување и за сексуален напад против него, навело обвинителството во Нантер за „Паризиен“, потврдувајќи ги информациите од „Франс инфо“. Тој ќе биде испрашуван за настаните „кои во моментот се однесуваат на 13 жртви“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тековната истрага „се однесува на факти (пријавени од страна на) три жени кои го обвинуваат Патрик Бруел за сексуални напади и обиди за силување“ помеѓу 1997 и 2001 година, додал обвинителот, како и за „факти за силувања или обид за силувања, сексуални напади и вознемирувања“ пријавени од други жени, во Франција и Белгија.

Меѓу тужбите се оние што ги поднела Даниела Елстнер за обид за силување и сексуален напад во 1997 година во Акапулко, тужбата од новинарка за култура за обид за силување во 2000 година во Монако, тужба од вработен во издавачката куќа на Патрик Бруел за два сексуални напади во 2002 и 2003 година, тужба поднесена во Мец во врска со настани што датираат од 2008 година и тужба за силување во 2012 година во текот на филмскиот фестивал во Динар, пишува „Еуроњуз“.
Патрик Бруел бил повикан на испрашување како дел од оваа постапка за притвор веќе неколку недели, според извор близок до истрагата. Според информациите, Патрик Бруел го застапуваат две адвокатки Фани Колин и Селин Ласек, како дел од неговата одбрана заедно со Кристоф Ингрејн.
– Тој веќе неколку недели даваше до знаење дека е на располагање на судските органи, за конечно да може да одговори во рамките на судската постапка, пред надлежниот орган. Ќе одговори на сите прашања на истражителите и ќе ги обезбеди сите потребни елементи за да ја докаже својата невиност – соопштиле неговите адвокатки.
Инаку, на 4 јуни десетина активистки од феминистичкиот колектив „Нус Тутес“ протестирале пред театарот Едуар VII против пејачот Патрик Бруел, кој настапувал во претставата внатре, поради обвинувања за сексуален напад против него во Париз.


